За веб-страницата
Sekojstudent.com е безбедно место каде може да се истражуваат прашања за тоа кој е Бог и како изгледа лично да Го познаваш Бог.
Оваа страница содржи статии, прашања и одговори и ти дава можност да прашаш што било во врска со Бог. Ние ќе ти испратиме лично одговор. Нашата желба е да ти помогнеме да увидиш дека Бог ти нуди можност лично да Го запознаеш уште денес.
Оваа страница е направена од студентската христијанска организација: Нова Надеж. Оваа студентска организација може да ја најдеш на многу универзитети во светот како и во Македонија. Доколку си заинтересиран да погледнеш листа на конкретни теолошки верувања на Нова Надеж, слободно контактирај нè.
Се надеваме дека ќе ја земеш во предвид можноста да Го запознаеш Бог и Неговата љубов за тебе. Не постои друга врска што би можеле да ја искусиме, што толку целосно би ги задоволила копнежите на човечкото срце и ум.
|