•  Дома >> А Исус? >> Бог е слон?

Contents
Постоењето
А Исус?
Искуството
Поврзи се
За животот
Енигми
Форум
Имаш прашање?

Contents
Дома
За страницата
Прати на пријател
Пиши ни



Бог е слон?

Испитување на аналогијата со слепите луѓе и слонот како аргумент во филозофијата на религијата

Адаптирано од Давид А. Хорнер (David A. Horner)

Има една многу популарна споредба што се користи за да се покаже дека сите религии водат кон Бог. Професорите по религија ептен ја сакаат оваа филозофска аналогија, бидејќи ги изедначува сите религии како вистинити кога станува збор за опишување на Бог.

Споредбата се состои од следново: има четворица слепи луѓе кои наидуваат на еден слон. Бидејќи овие луѓе никогаш претходно не сретнале слон, тие се обидуваат да го опишат и разберат овој нов феномен. Едниот го фаќа слонот за торзото и заклучува дека станува збор за змија. Вториот ја фаќа едната нога и ја опишува како дрво. Третиот ја открива неговата опашка и вели дека е јаже. Четвртиот, откако го открива страничниот дел од стомакот, објавува дека се работи за ѕид.

Секој еден од нив ја опишува истата работа, а тоа е слон. Но сепак, секој ја опишува истата работа на сосема поинаков начин.

Според многумина ова е аналогно на различните религии во светот. Сите тие ја опишуваа истата работа, само на многу различни начини. Затоа човек треба да заклучи дека ниту една религија засебно не полага право на апсолутната вистина, туку дека сите се подеднакво важни.

Ова е навистина моќна и провокативна слика и во најдобар случај изгледа дека осветлува дел од вистината.

Ако Бог е бескраен и вечен, а ние не, тогаш е сосема разбирливо да се очекува дека никој од нас не може потполно да ја разбере Неговата природа. Но дали оваа филозофска аналогија покажува дека сите религии водат кон Бог? За да се дојде до тој заклучок ќе треба да се превидат неколку работи...

Прво, примерот е слон. Тоа што слепите луѓе се обидуваат да го опишат е слон, а не нешто друго. Значи слонот постои без оглед на тоа дали слепите луѓе веруваат во тоа или не. Слично е и со Бог. Тој постои без оглед на тоа дали луѓето веруваат во Него или не. Да го поставиш прашањето „Дали Бог воопшто постои?“ е исто како да прашаш „Дали Абрахам Линколн бил некогаш претседател на САД?“ Тој факт е точен без разлика дали човек ќе верува во тоа или не, а да се негира тој факт би било сосема погрешно. Оттука, не сите мислења, било да се работи за слон или Бог, се подеднакво вистинити.

Второ, сите четворица слепи луѓе во основа грешат. Се работи за слон, а не за змија, јаже или дрво. Нивните мислења не се еднакви меѓу себе. Според тоа, не можат да бидат сите точни. Во најдобар случај, ваквиот пример за религиозен плурализам само покажува дека сите религии се погрешни, а не точни.

Трето и најважно, оваа филозофска аналогија не зема во предвид посебно откровение. На пример, доколку во сцената наиде петти човек, кој не е слеп (и кој може да потврди дека има вид) и го опише слонот како слон, тогаш суштината на примерот се менува од корен.

Исус Христос како еден и единствен, уникатен религиозен водач во историјата, тврдел дека е „петтиот човек“, посебно откровение од Бог. Многу луѓе кои ги видоа Неговите чуда и ги слушнаа Неговите проповеди се навредија кога Тој рече дека е Бог. „Затоа Евреите уште повеќе сакаа да Го убијат, не само затоа што го нарушуваше саботниот ден, туку и затоа што Бог Го нарекуваше Свој Татко, изедначувајќи се со Бог“ (Јован 5:18).

Но Исус нè поканува да Му веруваме ако сакаме нашата потрага по Бог да заврши... „Јас Сум Лебот на животот. Кој доаѓа кај Мене нема да огладни и кој верува во Мене нема никогаш да ожедни“ (Јован 6:35).

За поткрепување на Исусовите тврдења дека е „петтиот човек“ прочитај го Повеќе од слепа вера.


Прати ја страната на пријател
Како да започнеш лична врска со Бог?

  © Sekojstudent.com            Home ДОМА     Top ВРВ НА СТРАНАТА      КОНТАКТИ